Честитка од ДС: Ни претстои година на реформи, не губете надеж за подобра иднина!

by fokus

Демократскиот сојуз на сите граѓани им ја честита Новата 2017 година, посакувајки им добро здравје, многу среќа, семеен мир и успеси.

„Поминавме тешка година, со бројни неизвесности и пресврти, но сите заедно опстоивме на цврстата решеност и определба, за промени, стабилност, единство и сплотеност.

Годината пред нас ќе биде година на реформи, афирмирање на основните цивилизациски вредности, враќање на довербата во државата и градење на општество во кое човекот ќе биде во центарот на вниманието, како и солидарноста, меѓусебното почитување и респект на различноста.

Ги охрабруваме сите граѓани да не губат надеж за подобра иднина“, порачува партијата на Павле Трајанов.

Поврзани новости