Чешкиот премиер поднесе оставка поради конфликт со министерот за финасии Андреј Бабиш

by fokus

Премиерот на Чешка, Бохуслав Соботка денеска поднесе оставка што доведе до пад на Владата.

Одлуката на Соботка уследи по неговиот конфликт со министерот за финансии, влијателниот милијардер Андреј Бабиш, кој е осомничен за даночни измами.

– Наскоро ќе ја врачам оставката до претседателот Милош Земан. Неприфатливо е Андреј Бабиш да остане на функцијата министер за финансии, изјави социјалдемократот Соботка.

Бабиш, лидер на центристичкото движење Акција на незадоволните граѓани 2011, ги отфрла сите обвинувања против него за неплаќање на даноци и одби да поднесе оставка од функцијата министер за финансии.

За шест месеци во Чешка треба да се одржат редовни парламентарни избори, а Движењето на Бабиш според анкетите е фаворит, додека социјалдемократите на Соботка се на второ место.

Поврзани новости