Чешки алпинист загинал кај Демиркаписката клисура, додека се качувал на карпа

by Fokus

Седумдесет и едногодишниот алпинист Ш.П. од Чешка загина кај Демиркаписката клисура, качувајќи се на карпа, информираа од МВР.

Според полицијата, тој паднал од висина од околу 20 метри при што се здобил со тешки телесни повреди. Несреќата е пријавена вчера околу 12 часот во полициската станица во Неготино.

Екипи од полициската станица во Неготино и од Итната медицинска помош излегле на местото на несреќата при што констатирале смрт.

 

 

Поврзани новости