Чешка на колена, Македонија е на Светско првенство!

by Fokus

Македонската машка ракометна репрезентација се пласираше на Светското првенство кое ќе се одржи Шведска и Полска наредната година, откако вечерва ја совлада селекцијата на Чешка со 27-25. Воедно, овој беше последен натпревар во репрезентативниот дрес за Филип Миркуловски.

Нашата селекција одигра врвно во сите сегменти од теренот, а по првото полувреме Македонија имаше „два“ плус во однос на Чесите.

Во вториот дел нашата репрезентација продолжи со истото темпо и постојано ја одржуваше гол-разликата од два до три гола разлика, а во еден дел од мечот Чесите дојдоа на „минус“ еден.

Сепак, нашиот колектив не успеа изненадување и приреди славје на многубројната публика во СЦ „Борис Трајковски“.

Поврзани новости