Чепреганов: 16-годишно дете поради својата непослушност ги зарази родителите, бабата и дедото и тие починаа

by fokus

Проф. д-р Методи Чепреганов во интервју за МКД.мк  посочува дека од неодговорните млади, со суета и инает, страдаат сите.

-Не сакам да плашам, ниту да трауматизирам. Но тоа е една животозагрозувачка состојба. Не затоа што јас мислам така, или некој друг, туку светот се најде во една биолошка војна и голем дел од македонскиот народ тоа го сфати. Носат маски, се пазат, зашто тоа е единствениот начин. Но има 30 отсто и повеќе, посебно од младите, со суета и инает, хипертрофирано его, и страдаат сите. Имам пример на семејство, 16-годишно дете ја донело инфекцијата дома, умреа и таткото и мајката и бабата и дедото. Сите ги „исчисти“ поради својата непослушност, неконтролираност. Не може да сфати дека тој е преносител на тоа. Тоа е првиот дел од „играта“, кој се вика суета и инает, вели Чепреганов.

Поврзани новости