Чеченскиот лидер до Зеленски: Побарај му прошка на Путин, нашите војници спремни да загинат за Русија

by fokus

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му се обрати на украинскиот претседател Владимир Зеленски и му упати совет.

-Повикај го рускиот претседател Владимир Путин, побарај прошка од него, направи го тоа заради зачувување на Украина и нејзиниот народ, согласи се со сите услови што ги бара Русија. Тоа ќе биде вистинскиот чекор за да го сочуваш својот образ, рече Кадиров.

Кадиров изјави и дека на средбата во Грозни повеќе од 12.000 војници изразиле подготвеност да ги исполнат сите задачи „по наредба на рускиот претседател Владимир Путин“ и дека се подготвени доброволно да заминат во Украина.

Кадиров, лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека чеченските борци се распоредени во Украина и побара од Украинците да ја соборат нивната влада.

Во видеото објавено на Интернет, Кадиров кажа дека чеченските војници досега немаат претрпено никакви загуби, додавајќи дека руските сили лесно можат да ги окупираат големите украински градови, но дека нивната задача е да избегнат жртви.

На социјалните мрежи вчера се појавија неколку видеа на кои се гледа како чеченските борци во Грозни се подготвуваат да заминат за Украина.

Чеченија порано војуваше со Русија, но сега е под контрола на режимот на Путин.

Поврзани новости