Чавков тврди дека измените на Законот не се за партиски цели

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска изјави дека измените на Законот за внатрешни работи и за полиција не се донесени за дневно-партиски цели.

-Се работи за системски и законски решенија насочени кон зајакнување на институционалните капацитети на МВР. Шпекулациите дека тие измени се насочени кон врзување на рацете на министерот и ограничување на неговите овластувања се апсолутно неточни, рече Чавков.

Според него, станува збор за системски измени преку кои ниту едно од овластувањата на министерот за внатрешни работи не се доведува во прашање и дека тој останува неприкосновен во спроведувањето на раководната функција.

Поврзани новости