Чавков на 27 април со СМС го известил Нухиу: Состојбата е под контрола

by Fokus

„Состојбата е под контрола“. Ваква смс-порака стигнала до министерот за внатрешни работи Агим Нухиу од директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков само пола час пред да ескалира состојбата во Собранието, на 27 април, односно на крвавиот четврток.

Ваквите детали во јавноста денеска ги сподели новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој го презентираше извештајот за пропустите на полицијата за крвавите настани во Законодавниот дом.

-Министерот за внатрешни работи во 17,59 часот преку СМС комуниикација го предупредил раководителот на Оперативниот штаб во МВР, дека состојбата во Собранието на Р Македонија може да ескалира. Повратно од страна на  раководителот на Оперативниот штаб во МВР преку СМС комуникација бил известен дека состојбата е под контрола. Министерот за внатрешни работи остварил телефонска комуникциија и со други членови на Оперативниот Штаб кои исто така го информираат дека состојбата е под контрола – се наведува во извештајот.

Поврзани новости