Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Тамара Чаусидис, во изјава за Фокус вели дека денеска Владата покажала дека предизборните ветувања за поголеми работнички права се само политиканство.
-Преставници на ССНМ и на Академскиот синдикат ги повикаа присутните да ја проверат заложбата на Владата да се урне оградата околу владината зграда и да влезат во дворот. Но, полицијата не ни дозволи ниту да се приближиме го главниот влез. Со тоа се покажа дека ветувањата и заложбите на Владата дека ќе ја урива оградата се само празни зборови. Додека ние протестиравме, премиерот Заев во Владата седеше со претставници на синдикати кои седеа и со Груевски, додека ние протестираме без разлика кој е на власт, изјави Чаусидис.
Таа додава дека денеска Владата покажала дека заложбите за поголени работнички права кои ги промовираше во преизборието се чисто политиканство.
К.С.