Чаусидис: Сакаат да ги замолчат новинарите

by fokus 13:35
13:35

Со пораката„Нема да ви плаќаме“ и со фрлени железни пари кон владината зграда, заврши протестот на над 2.000 граѓани против обврската за плаќање на придонеси во висина од 35 отсто од хонорарот.

На протестот се обрати претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, која порача дека нема да и дозволат на владата да ги осиромашува луѓето за да може да плаќа за глупави фасади.

- Advertisements -

– Повекето новинари сме хонорарци и не држат на кусо синџирче, а вака лесно не пуштаат и не прават пропагандисти. Кога сакаат да тепаат, прво устата ја затвораат, Затоа новинарите им се цел – да не известваме кога ќе ве боли – рече Чаусидис. 

Поврзани новости