Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2025 во Индија

by Fokus

По подолг период отсуство од манифестацијата, македонската држава оваа година има своја претставничка на претстојниот избор за „Мис на светот”, чие финале ќе се одржи на 31 мај во градот Хајдерабад, Индија, а фестивалските активности траат цели месец дена.

По внимателен избор од страна на организаторот и сопственик на лиценцата Шаќир Села, воедно и сопственик на најпознатата модна агенција „Даман” во Истанбул, титулата „Мис Македонија” ја понесе Чарна Невзати од Скопје.

Чарна е 20-годишна студентка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје каде е двоен победник, со освоена специјална награда за најдобар сценски настап „Бранко Ѓорчев“ и е победничка на 26-та Ораторска вечер „Иво Пухан“.

Професионално се занимава со моделинг, како дел од модната агенција „Макс Моделс”, со низа модни кампањи за познати домашни и светски брендови.

Чарна Невзати ќе биде дел од 72-от избор на убавина за „Мис на светот” на кој ќе учествуваат 120 држави.

Поврзани новости