Чадиковски: Стоп за понижувачкиот говор од политичарите кон новинарите

by fokus

ЗНМ и ССНМ денеска организираат протестен марш преку кој ќе го изразат незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција и небезбедните услови во кои работат новинарите.

Во утринското гостување „Утрински брифинг“ на претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски зборуваше за барањата кои ќе ги испратат од денешниот марш.

-Во дел од тие барања, прво тоа што го говориме, стоп за негативен тренд за понижувачки говор од страна политичарите, стоп за агресивен државен ПР, ние мораме да ги отвориме институциите за да им помогнеме да се подобрат. Важна е и поддршка за колегите од внатрешноста, треба да најдеме системско решение што ќе помогне да се подобри квалитетот на новинарската рабата, не само во локалните медиуми, мора да се најде начин за да обезбеди системски пристап за подобри продукти, изјави Чадиковски.

Поврзани новости