Владата предлага прекин на постапката за укинување на член 175 кој го овозможи масовното прислушување

by fokus

Иако Уставниот суд изрази сомнеж дека на Управата за безбедност и контраразузнавање и биле одврзани рацете да прислушува и на тој начин да ги прекрши правата на граѓаните, согласно членот 175 од Законот за електронски комуникации, од Владата решеија да ја прекинат постапката на Уставен. Од таму велат дека се подготвуваат темелни реформи во безбедносните служби и во регулативата со што постапката на Уставниот суд за преиспитување на уставноста на овој член би биле безпредметна.

„Предлозите на законските решенија на работната група, направени согласно препораките на меѓународните и домашните експерти, се во завршна фаза и наскоро ќе бидат објавени. Тоа е и во приоритетите на Планот 3-6-9. И тоа во овој, тековен временски интервал од планот. Затоа Владата, на 31 седница на 10 октомври оваа година,  донесе мислење Уставниот суд да ја запре постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникациит, зашто оваа иницијатива е парцијална и не ѝ приоаѓа на оваа тема сеопфатно, и пресретнува еден процес кој е веќе во одмината постапка“, стои во соопштението на Владата.

Од таму велат дека ваквата преписка е редовна пракса меѓу Владата и Уставниот суд.

„Инаку, ова мислење на Владата на РМ е донесено врз основа на барањето на Уставниот суд, владата да даде мислење за оваа иницијатива, и е редовна практика во комуникацијата меѓу Владата на РМ и Уставниот суд на Република Македонија“, посочуваат од таму.

Членот 174 од Законот за електронски комуникации се однесува на Следење на комуникациите и ги опфаќа обврските на операторите за обезбедување на технички услови за прислушување. Практично овој дел од Законот ги обврзува телекомуникациските оператори да обезбедат директна врска на УБК со комуникациите на сопствените потрошувачи.

Уставен суд одлучи да поведе постапка против овој член во јуни годинава. Мнозинството уставни судии утврдија дека поради немање правна рамка во членот 175 се остава можност да биде злоупотребен од надлежните органи, односно од Управата за безбедност и контраразузнавање. Имено тоа беше и случај во скандалот кој го обелодени СДСМ, а според кој предмет на масовното прислушување биле илјадници граѓаните меѓу кои политичари, новинари и граѓански активисти.

Спорниот член се најде и во првиот извештај на Прибе и беше посочен како можност за злоупотреба на прислушувањето.

Поврзани новости