Повикани на разговор девет лица по синоќешната тепачка во Шутка

by fokus

Идентификувани се и повикани на разговор девет лица кои учествувале во тепачката која се случи синоќа на улицата Гвадалахара во Шуто оризари, каде беше повреден градоначалникот, Елвис Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам.

Од Министерството за внатрешни работи го осудуваат вчерашниот настан во контекст на изборниот период.

„Министерството за внатрешни работи најостро ги осудува сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања. Изборниот процес е наменет за преставување на кандидатите и нивните програми. Министерството смета дека тоа е единствениот начин преку кој граѓаните треба да бидат запознаени со учесниците во изборниот процес. Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран“, велат од МВР.

 

Поврзани новости