Ахмети ќе бара од Заев консензуален претседател: Бевме во право што не го поддржавме Иванов

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со новинарите најави дека на следните претседателски избори, кои треба да се одржат во 2019-та година, повторно ќе го покрене прашањето за заеднички, консензуален претседател на државата. Сепак, рече тој, ова прашање до сега не било тема на разговор со коалицискиот партнер во Владата, премиерот Зоран Заев.

-Секако ќе побарам да се разговара за ова прашање. На Македонија и е потребен консензуален претседател, што го покажа и примерот со актуелниот. Бевме сосема во право што не го подржавме господинот Иванов – рече Ахмети.

 

Поврзани новости