„Бутел“ им дозволи на дел од семејствата да ги земат телата на настраданите

by fokus

Од вкупно 14 тела на починати во невремето во Скопје во саботата, 11 тела се преземени од семејствата.

Во капелата на АД „Бутел“  се наоѓаат уште три тела кои треба да бидат земени.

Роднините вчера не можеа да ги земат телата на своите блиски поради административни пречки. Им се бараа документи за причините за смртта на жртвите.

Проблемот кој се јави вчера  е решен така што АД „Бутел“ издава службена белешка за починатиот со која семејството продолжува на нотар да потпише изјава дека лицето загинало во поплавите и со двата документи заедно, тие продолжуваат во болницата Букурешт и можат да ги земат телата.

Поврзани новости