Бутарис: Заев ми рече дека за Нова Година ќе дојде во Солун

by fokus

Премиерот Зоран Заев ме информира дека за Нова Година ќе дојде во Солун, во приватен аранжман. Но јас ќе му помогнам што и да можам, изјави градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

Запрашан дали го дели оптимизмот во однос на решавањето на прашањето за спорот за името меѓу властите во Атина и Скопје Бутарис појасни дека при неговата последна посета на Скопје и разговорите што ги имал со претставниците на власта „смета дека противречностите од минатото се минато.

„Работите се зрели и би можело да се дојде до решение“, смета градоначалникот на градот Солун.

Поврзани новости