Бугарското обвинителство бара траен притвор за српскиот возач

by Фокус

Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор, откако автобусот со кој управуваше се преврте на 14 август на автопатот Тракија во Бугарија.

Карашичевиќ е обвинет за кршење на сообраќајните правила и од небрежност нанесување умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни.

На обвинетиот возач веднаш по сообраќајната незгода му е одредена мерка притвор до 72 часа со наредба на надзорниот обвинител.

Поврзани новости