Бугарското МНР ја охрабрува Историската комисија да работи уште поинтензивно

by fokus 17:30
17:30

На брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, портпаролот и заменик-министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев, изјавија дека ја поздравуваат работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и ја охрабруваат да продолжи уште поинтензивно во напорите за што побрзо завршување на работата по сите периоди од заедничката историја, јавува дописникот на МИА од Софија.

Заменик министерот Коџабашев истакна дека со Протоколот потпишан во 2019 година, владите на Бугарија и на Република Северна Македонија практично ги прифатија предлозите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на следните личности од заедничка историја на двете земји: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил, како и општите принципи и белешки за содржината на учебниците за 5 клас во Бугарија и 6 одделение во Република Северна Македонија поврзани со праисторијата и античката историја.

Во согласност со Протоколот од 17 јули, пак, договорено е Бугарија и Северна Македонија да го објават Протоколот од 2019 година со сите негови анекси во рок од еден месец, потсети портпаролот на бугарското МНР. Објавувањето на предлозите за 2019 година, одобрени од владите на двете земји, посочува тој, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во Бугарија и во Република Северна Македонија со резултатите од работата на Заедничката комисија.

Според бугарското дипломатско одделение, ова ја создава потребната основа за да се продолжи со имплементација на уште еден важен договор од Протоколот според чл. 12 од 17 јули координација на календар на заеднички чествувања за периодот 2022 – 2023 година на петте заеднички историски личности, додава Коџабашев.

Поврзани новости