Бугарскиот професор Дичев: Властите во Софија го користат прашањето со Македонија за да ја дефокусираат домашната јавност од наталожените проблеми

by fokus

Бугарскиот професор по културна антропологија Ивајло Дичев во ексклузивно интервју за емисијата Трилинг на ТВ24 со свое видување за политичко –историските конфронтации меѓу Северна Македонија во пресрет на новата средба меѓу македонско- бугарската мешовита комисија .

Тој вели дека властите во Софија го користат прашањето со Македонија за да ја дефокусираат домашната јавност од наталожените проблеми.

-Во Софија има многу сериозни политички избувнувања. Веќе 2 месеци протестираме тука по улиците, сакаме да ја исфрлиме оваа Влада. Секогаш кога има некаков политички проблем, крајно десните, ние ги нарекуваме ВМРО, исто како и кај вас, прибегнуваат кон некои такви истории. Македонија е редовна причина за да се одвлече вниманието од она што се случува овде,а за кое протестираме. Имено, корупцијата, злоупотребата на сегашната влада итн. Ова е повторен обид за одвлекување на вниманието. Тоа за јазиците, се разбира, е сосема очигледно. Што значи јазикот? Тоа е една јазична норма што е прифатена во една или друга држава. Како може да не се прифаќа јазикот, мене едноставно не ми е јасно. Лингвистите секако, можат да зборуваат за потеклото на еден јазик за врските со другите и такa натаму, но тоа ми е бесмислено. Како може ние Бугарите од тука да бараме Македонците да се откажат од своите јазични норми, тоа едноставно не можам да го разберам, вели Дичев.

Тој додава дека основната тема не е Гоце Делчев.

-И на Бугарија и на С. Македонија ни е јасно дека тој бил еден голем човек, кој за нашите земји се борел и го дал животот за слободата. Нема никаков сомнеж во тоа. Јас мислев дека ќе ги разграничите моментите еден од друг. Тоа е времето на окупацијата,по Втората светска војна, окупацијата на Македонија и Егејот од бугарските војски со посредство на нацистите, на Германија, кои во одредена смисла ги делеле териториите на Балканот. Тоа е моментот на поделба. Македонците со децении учат во училиштата дека Бугарите се фашисти, за ѕверствата на Бугарите, додека за нас тука, тоа е спротивно. Тоа било некое здружување, прекрасно, чудесно итн. Тоа е моментот на поделба за кој и едната и другата страна треба да вложат напор да го надминеме. Од една страна, според мене, Македонија треба да го омекне тонот бидејќи сепак малку сте наследници на комунистичката пропаганда во тој поглед, додека ние тука, треба да си ја признаеме на себе вината од тоа време. Ние, Бугарите сме виновни за таа окупација, извршени се кривични дела. Треба да се соочиме со тоа. Според мене, тој период е главниот за кој треба да најдеме начин, заедно да го осмислиме и да го пребродиме, смета Дичев.

Поврзани новости