Бугарскиот претседател ја поддржа европската перспектива на земјите од Западен Балкан

by fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев изрази поддршка за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ доколку тие ги исполнуваат условите за членство, и истакна дека тоа ќе ја засили регионалната безбедност, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Радев, кој стапи на должност како претседател во јануари, изјави дека неговата посета на Грција има симболично значење, пренесува БТА.

За време на првата посета на земја од регионот, Радев истакна во интервју за „Катимерини“ дека посетата е „важна политичка порака, која изразува желба односите меѓу двете земји да продолжат да се развиваат и продлабочуваат во сите сфери од взаемен интерес врз основа на споделените вредности“.

Прашан за претходни несогласувања меѓу двете земји, Радев посочи дека е важно да се гледа напред.

„Минатото е ценет учител, но кој гледа назад премногу често, се изложува на ризик да се препнува и паѓа“, изјави бугарскиот претседател.

Поврзани новости