Бугарскиот генерал Ѓуров: Ќе има притисок од САД за побрзо решавање на проблемите меѓу Софија и Скопје

by Fokus 11:25
11:25

САД ќе извршат притисок за побрзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, смета поранешниот шеф на бугарската Национална разузнавачка служба, генерал Димо Ѓуров.

Во изјава за ТВ Нова, Ѓуров вели дека новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден и Демократската партија се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување кон Западна Европа и затоа може да се очекува притисок од Вашингтон за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

- Advertisements -

– Поради тоа, ние треба да ја аргументираме нашата позиција зашто Американците разбираат аргументи и јасна позиција, и таа задача е во рацете на бугарската дипломатија, вели Ѓуров.

Поранешниот прв бугарски разузнавач очекува притисок од САД и за енергетските проекти во Бугарија во кои е вклучена и Русија, особено за транзит на гас, како и за запирање на проектот за изградба на нуклеарната централа Белене.

Поврзани новости