Бугарски теолог: Вселенскиот патријарх ќе ја признае македонската црква како Охридска архиепископија

by Фокус

Неодамнешната посета на актуелниот и на доскорашниот премиер Оливер Спасовски и Зоран Заев на Цариград и ангажманот на вселенскиот патријарх Вартоломеј за решавање на македонското црковно прашање е нормален тек на процесот, особено по молкот на Бугарската православна црква и пропуштената шанса да биде мајка-црква на МПЦ, оценува бугарскиот теолог Николај Крастев.

-Непреземањето ништо од страна на БПЦ на барањето на МПЦ, ја принуди македонската политичка и црковна елита да побара признавање на афтокефалноста од Вселенската патријаршија. Токму Фанар е тој што ги дава томосите за афтокефалија и затоа таквиот чекор е нормален – вели Крастев во изјава за бугарската телевизија БНТ.

Тој посочува дека постои македонска држава и логично е да има и македонска црква. Според него, македонското црковно прашање треба да се реши на објективен начин – да се почитува правилото секоја држава да си има своја црква. Крастев смета дека вселенскиот патријарх ќе ја признае црквата во Македонија под историското име – Охридска архиепископија.

– Имињата и историјата се важни, но мора да се гледа сегашноста и да се бара реално решение. Националистичките напади не се од помош. Што би пречело да постои МПЦ која ќе биде најблиската црква на БПЦ на Балканот? – прашува Крастев, истакнувајќи дека признавањето на македонската црква ќе биде позитивен чин и нема да му наштети на бугарското историско наследство.

Поврзани новости