Бугарски интелектуалци со петиција притискаат БПЦ да прифати да и стане мајка-црква на МПЦ

by fokus

Во Бугарија почна петицијата која ја покренаа бугарските интелектуалци за подрршка на барањето на Македонската православна црква, која од Бугарската патријаршија бара да ја прифати како ќерка-црква и да ја признае нејзината афтокефалност.

Со петицијата интелектуалци, научници, новинари и потомци на познати македонски семејства ја повикуваат Бугарската патријаршија да го прифати барањето и да и стане мајка-црква на МПЦ. Целта на петицијата е општеството да ја изрази својата поддршка кон БПЦ за процесот.

„Свесни сме дека проблемот со признавањето на автокефалноста на МПЦ е прашање, кое воопшто не лесно за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе 50 години. Но сметаме дека Бугарската патријаршија ги има сите основи и историски и канонски, да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите браќа во Република Македонија, нивната црква да го добие своето полноправо место во семејството на православните цркви“, се вели во писмото на иницијаторите на петицијата до бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод.

Поврзани новости