Бугарската црква ја призна македонската црква, за името допрва ќе одлучува

by fokus

Бугарската црква денеска донесе одлука да стапи во канонско единство со Македонската православна црква, следејќи ги постапките на Вселенската партијаршија и Српската православна црква.

Ова значи дека БПЦ ја признава нашата црква, но остави простор да размисли кое име ќе го користи.

-Светиот Синод на Бугарската православна црква денеска ги разгледа писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи:
Бугарската православна црква – Бугарската патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги поздравува одлуките за подигање на расколот и стапува во канонско и евхаристиско заедништво со Православната црква на Северна Македонија, соопштија од БПЦ.

Се додава дека за тоа кое име ќе го користат за македонската црква „останува да се размислува“. Проблем за БПЦ е додавката „Охридска архиепископија“ во целосното име МПЦ-ОА, бидејќи тие ја сметаат историската Охридска архиепископија за бугарска.

К.С.Б.

 

Поврзани новости