Бугарската фирма ,,Енекод’’ е новиот сопственик на ,,Фени’’

by Фокус

Бугарската фирма “Енекод”, која поседува 35 фирми за различни бизниси во Бугарија, е нов сопственик на комбинатот Фени Индустри од Кавадарци. Претседателот на СИЕР, Пеце Ристески, за локалните медиуми изјави дека на „Фени“ му претстои светла иднина и воедно истакна дека претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска оствариле средба со новиот сопственик на Фени Индустри.

Станува збор за бугарската фирма “Енекод” која ги презема сите обврски кон доверителите на Фени, ветувајќи им на сите работници дека остануваат на работа без никакви промени во нивниот работен статус. Исто така, новите сопственици најавија и нови вложувања со цел успешна понатамошна работа на комбинатот за преработка на фероникел.

-Се работи за сериозна компанија која има долгорочни и сериозни планови со Фени.  Паѓаат во вода шпекулациите со наводното отпуштање на тие илјада вработени, бидејќи на Фени Индустри му претстои светла иднина. Разгледана е стратегијата за работа на новите сопственици, и комбинатот има стремежи кон нови индустриски предизвици – изјави Ристески.

Вики Клинчарова

Поврзани новости