Бугарска „логика“

by fokus

Што е говор на омраза кон Бугарите во Македонија ако сме сите Бугари како што тврдат бугарските власти и историчари?

Таков говор веројатно не шират Бугарите туку некои други што ја имаат овде власта и власт над медиумите и врз образованието.

Кои се тие господо Бугари?

Според вас тоа се сеуште национално неосвестени Бугари, одродени Бугари, заблудени чеда од туѓи пропаганди и непријатели на Бугарија,  провокатори, и начесто како што вие ги нарекувате се “српски ченгета”  односно полицајци и доушници.

Е да. Тоа што го тврдите е говор на омраза. И ви го одзема правото вие да говорите за говор на омраза.

И што мислите? Зошто македонските граѓани не беа заинтересирани за купување бугарски пасоши и државјанства  од Каракачанов пред Бугарија да стане членка на ЕУ? Затоа што долги години Македонците што имаа среќа да останата во рамките на Југославија, во времето на вам омразениот Тито и долги години  после тоа, според стандардот и слободите се сметаа за Американци  во однос на граѓаните од зад железната завеса кај што беше и Бугарија.

Затоа. Олабавете со своите фрустрации. И тие што се чуствуваат Бугари во Македонија се уште подобро живеат од Бугарите во Бугарија а да не зборуваме за Македонците во Бугарија врз кои вие со години вршите тортура и насилна асимилација.

Ѓорѓи Спасов

Поврзани новости