„Бугарите“ Гоце Делчев и Цар Самуил на Антарктикот

by Фокус

Бугарскиот културен клуб од Македонија известува дека над 1300 бугарски топоними, одобрени од бугарската Комисија за антарктички називи и Претседателот на Република Бугарија, се меѓународно прифатени за еднозначно идентификување на географски објекти на Антарктикот. Меѓу наименуваните места на ледениот континент имало и голем број објекти, со имиња на бугарски херои, населби, географски и историски локалитети од Македонија.

12695902_10208938435883308_1652085789_n

Меѓу имињата се среќаваат врвови, именувани на војводите Тодор Александров, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Христо Матов, Св. Климент Охридски и Св. Наум, острови браќа Миладинови, заливот Огражден, глечерот Солун, глечерот Талев, во спомен на истакнатиот бугарски писател роден во Прилеп, Димитар Талев, нос Иљо, во спомен на војводата Иљо Малешевски, нос Самуил, Прличев срт, во спомен на Григор Прличев, Радкова могила, во спомен на Ванчо Михајлов, Крале Марков камен и многу други.

Согласно утврдената меѓународна практика, нови имиња се даваат само од држави вклучени активно во научното истражување на јужната поларна област. За одржување на единствен меѓународен регистар на имињата на Антарктикот, каде се вклучени и бугарските топоними, одговара Научниот комитет за антарктички истражувања со седиште во Кембриџ, Велика Британија.

Бугарија ја започнала својата поларна активност на Антарктикот во 1967-1969 година и во последните три децении организира и спроведува 24 успешни антарктички мисии. На Антарктикот успешно функционира и бугарската поларна база „Св. Климент Охридски“ на островот Ливингстон, соопштува Бугарскиот културен клуб во Македонија.

Поврзани новости