Бугарија си го модифицираше, па го прифати францускиот предлог

by fokus

Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент вечерва донесе одлука да го прифати предлогот  на политичката партија „Демократска Бугарија“ за уредување на односите со Македонија, кој всушност е модификација на францускиот предлог за кревање на ветото.

Заклучокот на Комисијата е дека бугарскиот Парламент и наложува на Владата да го одобри предлогот на француското претседателство за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство за Македонија со тоа што се бара документот експлицитно да се прецизира и подобри во „одбрана на бугарскиот национален интерес“.

Прво предлогот да се прецизира така што ќе гарантира вметнување на Бугарите во Уставот на Македонија таму, каде што се споменати другите народи и на рамноправна основа со тие народи.Ова според првичните толкувања значи вметнување на Бугарите во делот на Преамбулата на Уставот.

Второ,  да се наведе јасно дека ништо во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не може да се толкува како признавање на Бугарија за постоење на македонски јазик.

Трето, да се дадат гаранции дека добрососедските односи остануваат хоризонатален критериум до крајот на преговорите на Скопје за членство и Европската комисија за цело време го информира Европскиот совет за имплементацијата.

Четврто, периодичниот преглед на исполнувањето на Договорот за добрососедство треба да биде јавно објаавен и во преговарачкиот процес.

Поврзани новости