Бугарија планира затворање на училишта, ресторани, продавници

by Фокус

Бугарија има намера да затвори училишта, ресторани и продавници и да ги забрани сите спортски настани, приватни забави и екскурзии за да се спречи ширењето на вирусот, изјави министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.

За тие мерки ќе се разговара во среда на седница на владата со цел да се спречи целосен колапс на здравствениот систем на државата.

Од почетокот на пандемијата во оваа држава има 121.820 случаи на заразени со Ковид-19.

Поврзани новости