Бугарија ја укина наредбата за носење медицински маски

by fokus

Бугарската влада ја укина наредбата со која се бара луѓето да носат медицински маски на јавни места за да се заштитат од ширењето на пандемијата на коронавирусот, само еден ден откако ја издаде таа наредба.

Министерот за здравство Кирил Ананиев го стори тоа, откако стотици луѓе поднесоа тужба против наредбата, тврдејќи дека нема доволно медицински маски достапни за јавноста. Тужителите тврдат дека законот не треба да се воспоставува сè додека владата не може да издаде доволно маски на населението.

Во Бугарија има потврдено скоро 400 случаи на инфекции на корона вирусот и осум смртни случаи. Сепак, експертите предупредуваат дека е невозможно да се утврди вистинскиот број на инфекции во која било земја заради недостаток на тестирања.

Поврзани новости