Бугарија и Словенија го блокирале заклучокот на Меркел и Макрон за одложување на одлуката за Македонија и Албанија

by Фокус

Група земји-членки на ЕУ, предводени од Словенија и Малта и поддржани од Бугарија, доцна синоќа го блокирале предлог-заклучокот составен од Ангела Меркел, Емануел Макрон и Доналд Туск, за одлагање на одлуката за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија за на пролет.

„Кога предлогот бил ставен на маса пред сите лидери, жестоко се спротивставиле премиерите на Словенија и на Малта, Марјан Шарец и Џозеф Мускат, а ги поддржал и бугарскиот колега Бојко Борисов. Аргументот бил дека предлогот е исклучително лоша порака до Северна Македонија и до Албанија и дека не смее да помине. Поради тоа, рано изутрината Самитот беше прекинат без заклучок за проширувањето, а неизвесно е дали дебатата на оваа тема ќе продолжи денеска“, објавија дел од медиумите.

Поврзани новости