Бугарија е разочарана од Резолуцијата усвоена во македонското Собрание

by fokus 17:37
17:37

Министерството за надворешни работи е разочарано од Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија донесена на 29 јули 2021 година и со жалење забележува дека овој чин доаѓа во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје, како резултат на постојаните напори, започна да преминува во попозитивна и поперспективна фаза, се наведува во реакцијата на бугарското МНР.

-Бугарија со нетрпение очекува да се објави резолуцијата со цел внимателно да се анализира нејзината содржина во однос на нејзината соодветност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан и ратификуван од Собранието, како и потенцијалното влијание на овој документ врз тековниот дијалог меѓу Скопје и Софија. За Бугарија би било целосно неприфатливо преку слични акти да се мотивира или оправдува неисполнувањето на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, што е во спротивност со водечките принципи на меѓународното право, стои во реакцијата.

- Advertisements -

Се додава дека единствениот правилен начин за изнаоѓање одржливи и заемно прифатливи решенија за тековните предизвици во билатералните односи е строго почитување на постигнатите договори и обврски, нивно ефективно и добронамерно исполнување, како и водење на искрен дијалог.

Поврзани новости