Буџетот за 2020 година денеска пред пратениците

by fokus 08:35
08:35

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за Предлог – буџетот на Македонија за 2020 година.

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Капиталните инвестиции  се проектирани на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.

- Advertising -

Проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и јавните и приватните инвестиции. Буџетскиот дефицит за 2020 година е определен на ниво од 2,3 отсто.

Според најавата од Собранието, државниот Предлог – буџет за 2020 година во второ читање е единствена точка на дневен ред и на Законодавно-правна комисија.

Поврзани новости