Буџетот на владина седница, Бесими најавува поддршка за здравството и економијата

by Фокус

Поддршка на здравството и економското заздравување од кризата од ковид-19 се главните приоритети во буџетот за 2021 година, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средба со меѓународни институции и делегации од ЕУ, ММФ и Светска банка. Како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата Бесими посочил дека предвидени се и реформи во јавните финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок.

-Целокупниот процес на реформи во јавните финансии ќе значи воведување на концептот на SMART Finance (СМАРТ финансии – стратешки, одржливи, одговорни, реформски и транспарентни), односно јавни финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок, во рамки на фискална одржливост и макроекономска и финансиска стабилност – рече Бесими.

Тој вели дека главните темели на кои ќе биде поставен буџетот за 2021 година ќе бидат забрзан, инклузивен и одржлив економски раст преку владеењето на правото и подигнување на капацитетот на институциите. Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на буџетот за 2021 година по скратена постапка ќе бидат разгледани на попладневната редовна седница на Владата.

Поврзани новости