Буџаку отповикан зашто му истекол мандатот

by Фокус 13:08
13:08

Амбасадорот на Македонија во Франција Агрон Буџаку е отповикан поради истекот на дополнителниот продолжен мандат, велат за НОВА од Кабинетот на македонскиот претседателот Иванов.

„Претседателот Иванов, согласно законските процедури, на 19.10.2015 година, донесе указ за отповикување на Агрон Буџаку, Амбасадор на Република Македонија во Француска Република, во кој чл. 2 гласи: Должноста на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Француската Република престанува заклучно со 04.12.2015 година.

- Advertisements -

На барање на Министерството за надворешни работи, а согласно измените на законот за надворешни работи, на 28.10.2013 година, претседателот Иванов даде согласност за продолжување на мандатот на амбасадорот Буџаку до 04.12.2015 година.“ се вели во образложението.

Во медиумите се појави информација дека Буџаку бил отповикан поради гласањето на Генералната конференција за прием на Косово во УНЕСКО, но од кабинетот велат дека одлуката за отповикување е донесена уште пред одржувањето на конференцијата.

Поврзани новости