Бучковски за „Фокус“: Се надевам дека ќе изнајдеме решение со пријателска Бугарија во духот на европските вредности

by fokus

Се надевам дека оваа функција ќе биде додадена вредност во напорите на Владата да изнајдеме решение со пријателска Бугарија во духот на европските вредности, вели поранешниот премиер, Владо Бучковски во изјава за „Фокус“ откако беше соопштено дека Владата го именувала за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Официјално од Владата нема соопштение за оваа одлука, но специјалниот претставник се именува во услови кога Бугарија се заканува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската унија.

По контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС не престануваат реакциите ниту во Македонија, ниту во Бугарија.

Бучковски освен премиeр беше и министер за одбрана, но и поранешен лидер на СДСМ. Тој застана зад Заев по неговото интервју, за разлика од другиот поранешен лидер на партијата, Бранко Црвенковски кој го замрзна членството во партијата.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости