Бучковски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде успешна без нас!

by Фокус 10:34
10:34

Владата на ВМРО-ДПМНЕ може да биде успешна само ако внатре во коалицијата биде Алијансата за позитивна Македонија, истакна претседателот на Главниот одбор на оваа партија Владо Бучковски.

– Нема да влеземе во НАТО и ЕУ ако шириме националистички пораки и говор на омраза. Јас посакувам добро за државата. ВМРО е во срцето на секој Македонец, но не може нашата судбина, судбината на Македонија, да биде во рацете на ВМРО-ДПМНЕ – рече Бучковски во Куманово.

- Advertising -

Тој додаде дека ја почитуваат и владеачката структура и опозицијата.

– И меѓу едните и другите има многу позитивни проекти има многу позитивни луѓе, но мора да признаеме, за жал, живееме во едно време во кое не сфаќаме дека пред се сме луѓе и граѓани на Македонија и дека не зависи од се од изборите , не зависи се ако си  припадник на левицата или на десницата, дали си Македонец или Албанец – говореше поранешниот премиер и лидер на СДСМ.

Поврзани новости