Бучковски: Ние соседите со заедничка историја можеме да најдеме решение за заедничка иднина

by Фокус

Македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски. Како што рече тој, тимовите на двете министерства за надворешни работи на работат на формулациите.

-Верувам, и знам дека додека ние разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи – на Бугарија и на нашето, работат на формулациите коишто ќе покажат дека и без поддршка од кого било, макар што, во моментов го имаме претседателството на Германија, кое е голема поддршка, ние од Западниот Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина – изјави Бучковски за БНР.

Поврзани новости