Бучковски: Македонија е уморна од бипартизмот

by Фокус 16:36
16:36

Коалицијата за Позитивна Македонија изразува загриженост за слабиот одзив, 48 проценти од нашите граѓани излегоа на избори. Заклучуваме дека тие беа незадоволни од понудата. Уморна е Македонија од бипартизмот кој се форсира последниве 23 години, изјави денеска Владо Бучковски Претседателот на Главниот Одбор на Алијанската за позитивна Македонија (АПМ).

– Затоа очекуваме дека во вториот круг, повлечени од позитивната кампања на Коалицијата за Позитивна Македонија ќе има поголем одзив. Ги покануваме сите оние кои сакаат во Македонија да се случат позитивни промени да гласаат за Коалицијата за Позитивна Македонија. Пред се им се обраќаме и на оние кои се разочарани од вчерашните резулатати и на неопределените кои немаат понуда на претседателските избори . Убедени сме дека тие ја препознаа економската програма на нашата Коалиција за Позитивна Македонија и дека ние можеме да бидеме најпријатното изненадување на изборите. Имаме намера со учеството во новата влада да дадеме придонес да се промени начинот на владеење во Македонија  – дециден беше експремиерот Бучковски.

- Advertising -

 

 

Поврзани новости