Бучковски: Јавноста е бесна на Јанева, после оваа хаварија тешко ќе ја вратиме правдата!

by Fokus

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, некогашниот премиер Владо Бучковски зборуваше за Специјалното јавно обвинителство и рече дека тоа било симбол на мнозинството граѓани желни за правда, а сега тоа се претворило во големо разочарувањето.

„Јас бев фрапиран кога видов дека има енормни хонорари, иако постоеле законски ограничувања. Јавноста е бесна, овој гнев што се истури е токму затоа што видоа што правела Катица Јанева и дел од другите обвинители. Јас не сум сигурен дека во три од предметите што се најмногу експонирани сега на судењето на 3 декември ќе гледаме сведочења. Значи не било рекетирањето само на Камчев, било рекетирањето во Поштенска банка на директори, кај директорите од македонскиот телеком. Имаме едно фрапантно сведочење исто така за неколку милиони евра барани од грчки бизнисмен за неговиот внук да не биде осуден. Затоа мислам дека и по оваа хаварија што ја доживеавме многу тешко ќе ја вратиме вербата во правдата, ова направи сериозна хаварија, нанесе сериозни штети на владеачката коалиција и судењето на 3 декември ќе биде сериозен тест за судството“, додаде Бучковски.

Поврзани новости