Бучковски го потврди разрешувањето: Има нов пристап на преговори

Министерствата за надворешни работи и петте работни групи ќе ги водат преговорите меѓу Македонија и Бугарија, вели тој за Фокус.

by Фокус 17:34
17:34

Со новиот пристап во преговорите меѓу Македонија и Бугарија, министерствата за надворешни работи на двете држави и петте работни групи ќе ги водат преговорите.

Ова за Фокус го изјави поранешниот премиер Владо Бучковски, кој, како што објавивме, денеска беше разрешен  од должноста специјален претставник за Република Бугарија.

- Advertisements -

Владата го разреши Бучковски

Инаку, владата на Зоран Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник за Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји, а при крајот на ланската 2021 година му беше продолжен мандатот.

На денешната владина седница, беа усвоени уште неколку кадровски решенија, како изборот на Фестим Халили за нов директор на Фондот за иновации, изборот на Ејуп Алими за член на Надзорен одбор на ЕСМ и др.

Обвинет за изборни нерегуларности влезе во НО на ЕСМ

 

В.С.

 

Поврзани новости