Бубо Каров: Власта почна неконтролирано да пее на митинзи, но сите ќе пропеат еден ден

by Фокус

Познатиот Љупчо Бубо Каров од триото К-15 на протестот пред МТВ повика на масовност бидејќи јавниот сервис се плаќа од парите на граѓаните. Тој потсети на изјавата на главниот и одговорен уредник на МТВ дека Јавниот сервис не е на граѓаните, туку на државата. Каров тврди дека оваа власт направила цел нов град и не убедува дека ни е убаво, а не успеала да ја стабилизира куќава.

Според него, допрва доаѓаат убави денови за граѓаните на Македонија.

– Некои почнаа на сред говори неконтролирано да пеат. Но сите ќе пропеат еден ден – и порача Каров на власта.

 

Поврзани новости