Бубевски: Притвор за Груевски, му испративме 10 покани досега, не одговори ниту на една, тој ја попречува правдата

by Fokus

Бараме притвор за Никола Груевски, само така ќе се обезбеди негово присуство. На обвинетиот не можеше да му се достави ниту една покана, примил само една на 06.04.2017,истакна обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО.

– Не успеавме да најдеме доставувач кој ќе му достави покана ниту Пошта, ниту DHL. Сите други покани ги добило неговото обезбедување. Му испративме 10 покани на Груевски и поради неодговарањето на повиците, тој е обвинет за попречување на правдата – додава Бубевски.

Груевски се терети за три тешки кривични дела, меѓу кои и создавач на група за злосторничко здружување. Од СЈО бараат притвор за екс-премиерот со причина дека може да влијае врз сведоци и сообвинети.

 

Поврзани новости