Брзи тестови за Ковид-19 и во Кочани, Кавадарци, Велес, Куманово, Битола и Делчево

by fokus 12:39
12:39
Tестирање со брзи антигенски тестови од денеска се врши во здравствените домови во Битола и Делчево, од вчера е почнато во општите болници во Кочани и Кавадарци и  здравствените домови во Велес и Куманово, а од понеделник ќе почне во Центарот за јавно здравје во Битола, соопшти Министерството за здравство.
Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември е спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.
Од Министерството наведуваат дека и во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање.
Досега, на девет локации во Република Северна Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.
Од Министерството нагласуват дека за брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски – брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

Поврзани новости