Брзата помош нема доволно лекари и спасува животи со неисправни возила

by fokus

Со двојно помал број на лекари и неисправни возила работи службата за Итна медицинска помош во Скопје, соопшти денеска новиот директор на Здравствен Дом – Скопје, Злате Мехмедовиќ.

-Проблем е и недостатокот од кадар. Дневно има и по стотина интервенции, а во службата во една смена работат само десет медицински екипи, што значи дека една екипа опсулжува дава итни здравствени услуги на 70 000 жители.
Неопходно е техничко засилување но и вработување на медицински персонал. Итната медицинска помош треба да се засили со медицински екипи кои ќе бидат 15 на број во смена, да има 75 медицински тимови кои ќе можат да функционираат на територијата на Скопје, рече Мехмедовиќ.

Од вкупно 14 возила, во моментов само девет се во функција.

Поврзани новости