Бројот на заразени од Ковид-19 расте, над 23% од тестираните се позитивни

by fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 726 заразени со Ковид-19, а бројот на активно заразени се искачи на 8.720 случаи.

Процентот на заразеност по подолг период повторно се зголемува, бидејќи над 23% од тестираните  во изминатите 24 часа биле позитивни на корона вирусот. Во овој период биле направени 3.144 тестирања.

Поврзани новости