Бројот на загинати Палестинци од почетокот на војната во Газа надмина 50.000

by Fokus

Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека во израелските напади во последните 24 часа загинале 41 лице, а 61 се повредени.

Според соопштението, со овие жртви, од почетокот на војната пред 17 месеци се убиени вкупно 50.021 Палестинци, а 113.274 се ранети, објави Ал Џезира.

Се додава дека голем број жртви во последниот напад сè уште се заробени под урнатините.

Поврзани новости