Бројот на попишани се доближува до 900 илјади лица

by Fokus

Државниот завод за статистика информира дека досега се попишани вкупно 871 488 лица, 272 177 домаќинства и 368 595 станови. Оваа сондажа била заклучно со попишувањето до вчера до 20 часот.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 193 236 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември, што значи дека на попишувачите им остануваат уште 12 денови за попишување со се денешниот.

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски вчера оптимистички изјави дека со се попишаните од викендов, очекува бројот да достигне до милион попишани лица.

Поврзани новости