Бројот на починати во светот се искачи над 400.000, а бројот на заболени од Ковид-19 е речиси 7 милиони

by fokus

Бројот на починати од ковид-19 во светот се искачи на 400.131 пациент, додека пак бројот на дијагностицирани е приближно 7 милиони или поточно 6.920.594 луѓе ширум светот.

Досега, според податоците на „Ворлдометерс“, оздравени се 3.388.291 пациенти, а во моментов активни случаи има вкупно 3.132.167.

Според статистика на Универзитетот Џон Хопкинс што ја пренесе Си-ен-ен, во мај и јуни во просек бројот на заболени на дневно ниво достигнува до 100 илјади заболени вкупно во светот.

Поврзани новости